
Германскиот производител ги претстави првите скици на следната генерација на камперот, кој ќе го дебитира на специјална изложба во Дизелдорф. Според најавите внатре ќе има голем кревет, кој ќе биде право под огромен стаклен покрив. Исто така постои и бања со тоалет, како и кујна со мијалник, фрижидер и шпорет на гас.
Новата генерација на камперот е базирана на големиот Crafter, па може да се претпостави и погонот. Најверојатно, популарната верзија ќе има 2.0-литарски турбо дизел мотор со 190 КС, кој ќе работи во спрега со автоматски менувач и двоен пренос. Продажбата на новиот кампер се очекува да започне пред крајот на годината, за да можат корисниците да се подготват за следната сезона во која ќе можат да го користат.