fbpx

Лос Анџелес 2019: Volkswagen со 480 КС на Baja 1000

Германската компанија на Baja 1000 ќе се претстават со специјалниот тркачки Atlas Cross Sport R, кој нималку не наликува на производниот модел

Volkswagen на Baja 1000 во Class 7 – Open Production Limited, ќе настапи со модифицираниот Atlas Cross Sport R, кој како што може да забележите дека нема ништо заедничко со производниот автомобил освен школка, која се обидува да имитира некои од нејзините дизајнерски карактеристики.

Прототипниот тркачки модел, откриен на Саемот во Лос Анџелес, беше развиен во соработка со возачот на Volkswagen, Танер Фуст и ветеранот на трката Baja, Рис Милен. Atlas Cross Sport R се одликува со 2,0 литарски турбо-мотор кој е во состојба да испорача 600 коњски сили, но е подесен да обезбеди приближно 480 коњски сили за оптимизиран биланс на перформански и сигурност. Овој мотор за прв пат го разви Volkswagen за своите WRC и Rallycross програми.

„Тркањето како спорт е историски ограничена на многу привилегирана група“, рече потпретседателот на маркетинг на Volkswagen, Сааб Чехаб. „Сепак, Volkswagen се натпреваруваше на самиот почеток на трките Baja 1000, и ние сме возбудени да помогнеме да го одржиме живиот, забавен и младешки дух на натпреварот, преку нашиот Atlas Cross Sport R.”

Поврзани вести

Back to top button