fbpx

VW со две нови фабрики во Кина

Volkswagen подготвува две нови фабрики во Кина со цел да го забрза производството на електричните модели

Германскиот производител има амбициозни производни цели за својот нов опсег на електрични возила, при што голем дел од нив ќе ги произведува во Кина. Информации од Volkswagen откриваат дека тие се во тек со подготовки на две кинески фабрики кои треба да започнат со производство на електрични возила веќе од следната година, со комбиниран годишен производствен капацитет од 600.000 возила.

Големината на брендот ќе го олесни производството на е-возилата побрзо од конкурентите како Tesla, кој сеуште го зголемува производството на 500.000 возила годишно со изградбата на новиот објект во Шангај, Кина.

Германскиот производител на автомобили повторно ги употребува многу од своите главни производствени капацитети како дел од инвестициите од 33 милијарди американски долари за е-мобилност до 2023 година. Тука ќе бидат вклучени и погоните во Хановер и Цвикау во Германија, кои ќе бидат целосно адаптирани за изработка на е-возила. Другите погони што повторно ќе се користат се оние во Емден и Дрезден во Германија, Млада Болеслав во Чешка и Чатанога во САД. Групацијата Volkswagen се очекува да биде број еден производител на електрични возила во светот до 2025 година.

Поврзани вести

Back to top button