Volkswagen со нова мулти-бренд фабрика во Турција

Германската групација после неколку месечното размислување, донесе одлука за позиционирање на новата фабрика во Турција

Од самиот почеток, автомобилскиот гигант рече дека локацијата на фабриката ќе биде некаде во југоисточна Европа, а од неодамна Турција и Бугарија беа фаворити. На крајот, се чини дека Турција доби превласт на својот северозападен сосед.

Според извештајот на германскиот “Automobilwoche”, надзорниот одбор на VW се состана во четвртокот и го избра турскиот град Измир како место за новата фабрика во Турција.

Одлуката може да биде изненадување за некои луѓе, со оглед на тоа што Бугарија е членка на Европската унија, додека Турција не е. Во интересен пресврт на настаните, Катар имаше одлучувачко влијание врз ова прашање, поради фактот дека државата е главен акционер во VW Групацијата и поседува 14,6 проценти од компанијата и 17,0 проценти од правата на глас преку компанијата Qatar Holding.

VW

Турција е верен сојузник на Катар и дури беше поканета да изгради воена база во земјата на Персискиот Залив. Турската економија во последно време не напредува одлично, а значителна странска инвестиција, како што е сосема нова фабрика на VW Group, очигледно е добредојдена.

Во новата фабрика во Измир ќе се градат автомобили за брендовите на Volkswagen, Skoda и Seat, помагајќи да се олесни преоптовареноста на фабриките на Skoda во Чешка. Според претходните извештаи, производството ќе ги вклучи компактните SUV како Skoda Karoq и Seat Ateca, со годишен капацитет до 350.000 единици.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close