fbpx

Volkswagen со тизер го најави Nivus, новото урбано купе

Како што се наближува официјалната премиера на Volkswagen Nivus, германскиот бренд се почесто објавува најави кои откриваат детали за најновиот модел

Во најновото тизер видео Volkswagen Бразил го прикажа купе кросоверот Nivus базиран на Polo со новото лого кое го одликува предниот и зданиот дел. Новиот кросовер од Volkswagen кој е изменета верзија на  T-Cross нема да отстапи од дизајнерскиот јазик на компанијата од Волфсбург. Всушност, тој го добива поголемиот дел од стилот и дизајнот кој се наоѓа на моделот T-Cross, но со зголемен багажен простор и атрактивна закосена линија на покривот, што му дава поубав профил од T-Cross.

Сличноста со T-Cross не застанува во надворешниот изглед, што е и очекувано со оглед на тоа дека станува збор адаптирана верзија на овој модел за јужноамериканскиот пазар. Новата видео најава покажува и дел од внатрешноста на Nivus, а која ќе биде значително поатрактивна од онаа во T-Cross. VW Play, новиот мултимедијален систем се истакнува на контролната видео табла, што покажува дека Nivus ќе има помош при движењето, систем старт-стоп и електрично отворање на багажникот. Управувачот очекувано е ист на оној во T-Cross, со тоа што тука е со новото лого на Volkswagen.

Volkswagen Јужна Америка веќе ги објави техничките детали за Nivus, откривајќи дека малиот купе кросовер ќе се напојува со 1.0 TSI моторот. Тука ќе биде можноста и за избор на преносот, па шестстепениот автоматски менувач ќе биде понуден со мотор од 126 КС, додека шестстепениот мануелец ќе доаѓа во комбинација со мотор од 114 КС.

VW Nivus би требало од оваа година да се продава локално во Бразил каде и се произведува, но планиран е почеток на овој модел и во Европа во 2021 година, а засега не е познато дали ќе пристигне под ова име, или пак, како редизајн или целосно нова генерација на постоечкиот T-Cross.

Поврзани вести

Back to top button