fbpx

Volkswagen T-Roc Cabriolet е спремен за Франфурт

Урбаниот германски кросовер доби и своја кабрио верзија, скроена за оние со авантуристички дух и љубители на отворен покрив

Новиот T-Roc Cabriolet ќе биде единствениот кабри модел на Volkswagen засега, а своето јавно деби ќе го добие за месец дена, на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Наместо едноставното отстранување на покривот на стандардниот T-Roc, производителот драстично ги промени структурата и каросеријата на возилото. Така, меѓуоскиноти растојание кај кабрио изведбата е 37 mм подолго од стандардниот, додека пак целокупната должина е зголемена за 34 mm. Покрај тоа, автомобилот има и дополнително структурно зајакнување во подвозјето, страничните панели, вратите и рамката на ветробранското стакло, со цел да се надомести недостатокот на покрив.

Платнениот отрстранлив покрив развиен од компанијата, се повлекува за само девет секунди со брзина до 30.5 km/h и работи на сличен принцип како и тој на Golf Cabriolet. Присуството на платнениот покрив го намалува багажниот простор за 161 литри, па така T-Roc Cabriolet има капацитет од 284 литри.

T-Roc Cabriolet

Volkswagen во моторниот простор на новиот T-Roc Cabriolet смети 1,0 литарски три-цилиндарски бензински мотор, кој испорачува моќност од 113 коњски сили и доаѓа со шест-степен рачен менувач. На погонската листа се наоѓа и 1,5 литарскиот четири-цилиндарски бензинец со моќност од 148 коњски сили, поврзан со седум-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Новиот T-Roc Cabriolet ќе биде достапен во два дизајнерски пакети и тоа Style и R-Line. Првиот доаѓа со 17-инчни алуминиумски фелни, стандардно амбиентално осветлување и достапен пакет за внатрешна кожа, додека пак R-Line додава светла за магла, спортски седишта и додатоци по надворешните панели.

Поврзани вести

Back to top button