НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Volkswagen T-Roc R ќе добие 310 коњи

Набилданата верзија на компактниот Volkswagen T-Roc кросовер ќе добие R додаток и ќе биде опремена со надграден 2.0- литарски 4 цилиндерски бензински мотор

Моќта на единицата ќе биде 310 КС, потврди за Autocar, шефот на одделот за развој на шасии во компанијата, Карстен Шебстад.

Тој е одговорен и за проектот Golf GTI Clubsport S и еден од луѓето во компанијата кои се директно запознати со развојот на спортските модели. Според Шебстад, VW T- Roc има огромен потенцијал, кој допрва треба да се развива.

T- Roc
-Оваа верзија на T- Roc е со погон на четири тркала 4Motion, шасија DCC и 19 инчни тркала, делува многу импресивно. Очекуваме T- Roc R да биде уште уште повпечатлив со возните својства и однесувањето на патот, рече Шабстад.

Прототипот на автомобилот веќе се тестира од страна на Германците, откако добил подобрена суспензија и ревидирано управување. Во Volkswagen се убедени дека таков спортски модел ќе привлече голем број ентузијасти кои се заинтересирани за ваков вид автомобили.

1 | T- Roc
2 | T- Roc

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close