fbpx

Volkswagen тестира автономни автомобили во Хамбург

Volkswagen најави дека развојната поделба на групата ги започнала првите тестови на вистински пат на целосно автономни (ниво 4) автомобили на улиците на Хамбург

Во тест флотата на Volkswagen се вклучени пет претставници на електричниот e-Golf опремени со специјален систем од скенери (11 парчиња), камери (14 парчиња), ултразвучни сензори и радари (7 парчиња) кои кружат по улиците на градот по зададена рута и собира податоци од секој аспект од тестот. Volkswagen коментира дека податоците од пет гигабајти се генерираат за време на една минута и дека од безбедносни причини зад управувачот има возач.

Автономните системи за управување се категоризирани на пет главни нивоа:

• Ниво 1 – асистирано движење, пример адаптивен темпомат
• Ниво 2 – делумна автономија, пример комбинација на адаптивен темпомат со систем за следење
• Ниво 3 – насочна автономија со дополнителна функционалност, пример автомобилот се движи автономно во градот без потреба од возач да го контролира
• Ниво 4 – висока автономија, пример возачот не треба да води сметка за тоа што се случува
• Ниво 5 – комплетна автономија, нема потреба од возач

Поврзани вести

Back to top button