fbpx

Volkswagen Tiguan и Arteon ќе добијат plug-in хибридни верзии

Германскиот производител на автомобили потврди дека Volkswagen моделите Tiguan и Arteon оваа година ќе добијат и свои хибридни верзии како дел од понудата

Германскиот гигант продолжува со електрификацијата на својата гама. По Golf и Passat, на ред доаѓаат и Volkswagen Tiguan и Arteon. Компанијата од Волфсбург засега не споделува детали за хибридниот погонски склоп, но се очекува двете возила да го делат истиот систем.

Во Volkswagen веќе подолго време се говори за електрифициран SUV. Во 2015 година беше претставен концептуалниот Tiguan GTE, додека овој SUV во хибридна форма веќе е достапен, но само на пазарот во Кина. Хибридниот Tiguan наменет за кинескиот пазар користи комбинација од 1,4-литарски бензински агрегат и еден електромотор, а на располагање има вкупно 208 КС и 400 Nm.

Споменатиот електрифициран SUV има батерија од 13,2 kWh, што според тамошниот систем на мерење на автономија му овозможува домет од 52 километри кога се користи исклучиво електричната енергија за движење на возилото. Сепак, најверојатно хибридните Tiguan и Arteon за европскиот пазар ќе го преземат погонскиот склоп од Passat GTE. Можеби ќе има некои измени кога станува збор за перформансите или батериите, но тешко е да се поверува дека ќе има поголеми промени. За потсетување, Passat GTE испорачува 215 КС i 400 Nm, а батеријата од 13 kWh му овозможува автономија на движење од 56 километри.

Volkswagen Tiguan и Arteon би требало да минат и низ освежување и редизајн во следните месеци. Arteon ќе добие во понудата и караванско издание, со оглед на тоа дека се покажа интерес и за таква варијанта. Рестилизираното дуо би требало да ја доживее својата премиера  кон крајот на годинава, додека во продажба се очекува кон почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button