fbpx

Volkwagen ги претстави плановите за електричните возила

На автосалонот во Лос Анџелес компанијата Volkswagen го претстави целиот спектар свои електрични концепти, вклучувајки го хечбекот I.D., миниванот I.D. Buzz и кросоверот I.D. CROZZ

I.D.- Сите овие беа прикажани претходно на други изложби, но сега компанијата ја откри нивната иднина.

Плановите беа обелоденети од Јирген Штакман, кој одговара за продажба, маркетинг и постпродажни услуги во Volkswagen. Топ-менаџерот откри дека првиот електромобил за Европа ќе биде хечбек, а за САД – кросовер. Се очекува дека уште два модели ќе бидат достапни на пазарите преку Океанот – I.D. Lounge и I.D. AEROe. Тие се уште не се прикажани, но тој вели дека станува збор за седан и спортско купе.
I.D.
Самиот Штакман го најави лансирањето на најпрестижниот модел на компанијата, кој ќе биде електричен и ќе биде презентиран на салонот во Детроит, во јануари. Овој модел ќе го замени запрениот од производство Phaeton и ќе биде позициониран како директен конкурент на Tesla Model S. Volkswagen планира да продаде еден милион електрични автомобили годишно во 2025 година.
I.D.

Поврзани вести

Back to top button