ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Volvo со амбициозни деловни планови

Производителот на луксузни автомобили Volvo Cars најави нови финансиски и оперативни планови кои би требало да го позиционираат брендот меѓу лидерите во глобалниот автомобилски бизнис до средината на следната деценија

Во однос на оперативниот развој, од Volvo очекуваат да генерираат половина од вкупните годишни продажби од целосно електрични возила, една третина од сите автомобили од оние опремени со системи за автономно управување, а половина од сите кои ги нудат на своите клиенти да бидат дел од иновативната програма за стекнување со претплата.

Од Volvo очекуваат новите иницијативи на брендот да ги трансформираат нејзините врски со корисничката база, а крајна цел за средината на следната деценија е изградбата на таква во која фигурираат повеќе од 5 милиони директни генерирања на нови извори за постојани приходи. Ова, за возврат, ќе и овозможи на компанијата подобри можности да гради поврзани услуги со и помеѓу клиенти.

-Очекувањата на купувачите се менуваат многу брзо. Ова значи дека и Volvo Cars исто така се менува брзо, рече Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на брендот. -Овие иницијативи ќе ни помогнат да го трансформираме Volvo во автомобилска компанија која ќе нуди врвна услуга за клиентите.

Volvo

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close