fbpx

Volvo Cars и Varjo во светот на виртуелната реалност

Со помош на специјалните VR очила VARHO XR-1, Volvo Cars и Varjo додаваат елементи и цели функции на видикот на возачот

Volvo Cars и Varjo, финскиот производител на високотехнолошки очила за виртуелна реалност, успеаја да направат виртуелен систем за вистински автомобил, со додавањето на елементи или цели функции на видикот на возачот, со помош на специјалните VR очила VARHO XR-1. Сето ова изгледа реално за возачот и за сензорите на автомобилите, а ниту еден друг произведувач на автомобили не го сторил тоа.

Најновиот модел очила VARHO XR-1 обезбедуваат фотореалистична комбинирана или виртуелната реалност при висока резолуција од новата генерација. XR-1 располага со високо технолошки камери, овозможувајќи им на дизајнерите и инженерите на Volvo да управуваат со идните автомобили и да ги оценат сите карактеристики во срeдина на симулација, многу години пред да бидат создадени. Ова и овозможува на компанијата да развие најбезбедни автомобили кои ги задоволуваат најсофистицираните вкусови на потрошувачите.

Volvo Cars Varjo

„Со пристапот за комбинирана реалност можеме да почнеме да го цениме дизајнот и технологијата, додека буквално се е нацртано пред нашите очи“, вели Хенрик Грин, главен службеник за технологија на Volvo Cars. „Наместо вообичаен стандарден начин на проценка за нови производи и идеи, ние веднаш можеме да ги тестираме концептите на патот. Овој пристап нуди значителен потенцијал за заштеда на трошоците преку идентификување на приоритетите и расчистување на бариерите многу порано во процесот на дизајнирање и развој“, додаде тој.

XR-1 им овозможува на инженерите на Volvo Cars да најдат полесни решенија во однос на безбедноста. Експертите можат да возат вистински автомобили додека носат очила во истражувачките капацитети на Volvo во Шведска со тестирање на системи за виртуелна безбедност во реалниот свет.

Исклучително прецизна технологија за следење на очите, вградена во XR-1, овозможува да се следат нивоата на расеаност кај возачите, ја олеснува проценката на тоа како возачите користат нови функционалности во возилото и дали тие се сметаат при возењето. Овој технолошки пристап кон мерењето на нивоата на концентрација осигурува дека Volvo Cars може да развие нови функции без да предизвика понатамошно одвраќање.

Volvo Cars Varjo

„Од самиот почеток нашата визија е да создадеме производ кој може беспрекорно да ја спои реалноста и виртуелниот свет“, вели Нико Еиде, основач и извршен директор на Varjo и дополнува, „неверојатно напредните пристапи кои Volvo Cars ги користи на XR-1, покажуваат дека технологијата им овозможува јасна слика на работите кои претходно биле невозможно да станат реални. Заедно со Volvo, започнавме нова ера во професионалната мешана реалност“.

Volvo Cars е лидер во автомобилската индустрија во користењето на виртуелната реалност при дизајнирање и развивање на нови модели. Партнерството со Varjo е најновата и најнапредната за докажување на силната позиција на компанијата во оваа област.

„Varjo е јасен лидер во својата област“, вели Заки Фашидин, извршен директор на Технолошкиот фонд на Volvo Cars. „Технологиите во компанијата ветуваат многу за иднината, но денес тие создаваат јасни апликации за Volvo Cars. Varjo е пример за типот на компании во кои сакаме да инвестираме“.

Поврзани вести

Back to top button