fbpx

Електричните автомобили на Volvo доаѓаат со два типа на батерии

Шведскиот производител Volvo ќе понуди два вида батерии за своите идни електрични автомобили, основната верзија и онаа со зголемен капацитет

Ова го најави Хенрик Грин, раководител за истражување и развој.

– Ќе понудиме најмалку две опции за секој електричен автомобил, изјави Грин за Auto Express. Основната опција ќе биде поевтина, но ќе понуди скромна автономија. Поскапата ќе е со поголем капацитет, но тоа ќе чини повеќе, но ќе може да се минат скоро двојно повеќе километри со едно полнење.
Volvo

Првиот електричен модел на Volvo ќе биде изграден на CMA модуларната платформа, која се користи за XC40 кросоверот. Електричниот автомобил ќе се продава под брендот Polestar, откако компанијата беше одвоена како посебен производител за електрични автомобили. Дебито на моделот е закажано за втората половина на 2019 година.

Volvo

Истата CMA платформа ќе се користи за наследникот на V40. Новиот модел мора да биде достен ривал на BMW 1, Audi A3 и Mercedes-Benz A класа. Се очекува дека претстојниот модел ќе вклучува три и четири цилиндерски турбо бензински мотори, како и 4- цилиндерски турбо дизел. Многу е веројатно дека новиот модел наскоро ќе добие хибридни и електрични верзии.

Volvo

Поврзани вести

Back to top button