fbpx

Volvo ги објаснува новите ознаки на своите модели

Швеѓаните ја објаснуваат својата нова номенклатура, вклучувајќи ги ознаките на својот прв е-модел и другите електрифицирани верзии

До сега беше прилично едноставно: бензинските мотори беа нарекувани „Т“, дизел моторите „D“, при што секој од нив беше комбиниран со број помеѓу 2 и 8 за да се наведат перформансите. Plug-in хибридните модели подоцна добија додаток „Twin Engine”, a погонoт на сите тркала ја моделира кратенката „AWD“.

Сепак, во иднина сето ова ќе биде малку покомплицирано. Volvo веќе го воведе името Recharge при претставувањето на електричниот XC40. Во иднина, сите автомобили кои можат да се наполнат со кабел, како plug-in хирбридните и батериски погонуваните модели ќе го носат овој суфицикс. Така, новиот Volvo XC40 P8 AWD Recharge, претставува електричен модел кој располага со погон на сите четири тркала.

Volvo

Останува P8 како посебна карактеристика. „P“ во иднина ќе се користи за означување на чисто електрично возила – „Pure electric“, објаснува Volvo. Бројката „8“ треба да ја означи големината на батеријата на автомобилот, која во овој случај е помеѓу 70 и 80 kWh. Така, моделот со ознака „P6“ би бил опремен со батерија од 50 до 60 kWh.

„Ова е почеток на нова номенклатура за опишување на капацитетот на батеријата на електричното возило“, изјави Џонас Енгстром, менаџер во Volvo. „Не можам да дадам никакви спецификации за иднината, но ние сме подготвени да одиме над или под „П8“, додаде тој.

Другите модели исто така се предмет на промена. „T“ повеќе нема да се залага за бензински мотори, туку за „Twin Engine”, односно plug-in хибридните модели. Секако, ознаката „D“ ќе биде целосно елиминирана во иднина. Останатите благи хибридни верзии од 48 V ќе бидат наречени „B“, само поради присуството на батерија.

Volvo

Поврзани вести

Back to top button