fbpx

Volvo Open Doors Weekend во Скопје

Volvo Cars Macedonia во сабота ги отвора своите врати за сите посетители, а воедно го претставува и новиот S60

Македонскиот официјален застапник на Volvo овој викенд ги отвора своите врати за сите посетители и љубители на шведскиот бренд, со цел подобро да се запознаат со понудените модели од гамата, а понудени ќе се и тест возења.

Оваа сабота од 10:00 до 17:00 часот, сите заинтересирани ќе можат да бидат дел од настанот Open Doors Weekend, а премиерно, за прв пат пред домашната публика, импортерот ќе ја претстави и целосно новата, трета генерација на Volvo S60.

За сите оние кои имаат желба да седнат накратко позади управуачот на некој од шведските модели, своето тест-возење може да го закажат најдоцна до четврток на телефонскиот број 02 2 6159 800 или на www.volvocars.mk.

Повеќе информации околу настанот може да најдете на следниот линк.

Поврзани вести

Back to top button