fbpx

Volvo го претстави S60 во САД

Новата генерација на Volvo S60 беше претставена на отворањето на новата фабрика на брендот во Чарлстон, во Јужна Каролина, каде што ќе се произведува ексклузивно седанот

-Новиот Volvo S60 е еден од највозбудливите модели на Volvo кои некогаш сме ги создале, изјави при неговото претставување претседателот и извршен директор на Volvo Cars, Хакан Самуелсон.

Volvo S60 ќе биде првиот модел кој нема да се нуди со дизел мотори, но за сметка на тоа клиентите ќе можат да порачуваат две хибридни верзии T6 и T8 Twin Engine AWD, кои доаѓаат со погон 4х4 и моќност од 340 и 400 коњски сили. Основниот мотор на моделот ќе биде 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо со моќност од 249 коњски сили, кој ќе се вградува на верзијата на S60 со преден погон. При создавањето на S60 во Volvo користеле платформа SPA, која веќе е присутна кај новиот XC60, моделите од серијата 90 и новото комби V60.

Новиот модел излегува на пазарот со сериозен сет електронски системи кои се грижат за безбедноста на патниците, како и на луѓето околу нив. Системот City Safety ги активира автоматски сопирачките при препознавање на пешаци и големи животни, постои и адаптивен автопилот, кој му помага на возачот при забрзување и вртење при брзина до 130 km/h на патиштата, a има и систем за спречување на излегувањето на возилото од сообраќајната лента.

1 | 
2 | Volvo S60
3 | Volvo S60

    Поврзани вести

    Back to top button