fbpx

Volvo престанува да развива нови конвенционални мотори

Volvo се откажува од создавањето на нови мотори со внатрешно согорување, објави Road & Track, повикувајки се на изјава на главниот извршен директор на шведскиот автопроизводител, Хакан Самуелсон

Шефот на компанијата појаснува дека брендот ќе ги модернизира сите турбо двигатели од линијата Drive-E и ќе продолжи да ги користи дури и во своите нови модели. Акцентот ќе падне врз проширувањето на палетата на хибридни модификации, односно од 2019 година секој модел Volvo ќе има минимум две хибридни верзии. Самуелсон додаде дека палетата на погоните на Volvo ќе се проширува од модел до модел, така што компанијата ќе се фокусира на развивање на различни модификации на постојните возила.

Volvo

Хакан Самуелсон извршен директор на Volvo

Топ-менаџерот беше категоричен дека шведскиот производител во блиска иднина нема да се обложува на изведени модели, што значи дека наскоро нема да видиме Shooting brake или купе изведба со амблемот на брендот. Како што се знае, неодамна шведската компанија најави дека во блиска иднина на пазарот ќе се појават хибридни верзии на автомобили со бензински и дизел мотори и во палетата на Volvo нема да има ниту еден модел без варијанта со електромотор.

Volvo

Поврзани вести

Back to top button