fbpx

Volvo S60 и V60 CC како новитети на Freedom to Move

Благодарение на Pop Up Showroom - мини салонот, скопјани имаа можност за прв пат да се дружат со двата новитети во гамата на шведскиот гигант

Како што веќе најавивме, благодарение на Freedom to Movе караванот и Pop Up Showroom – мини салонот, овие три дена скопјани имаат можност одблизу да се запознаат и да ги тестираат сите тековни модели во гамата на шведскиот производител Volvo.

Покрај веќе добро познатите модели V40, XC40, XC60, XC90, S90 и V60, кои доаѓаат во речиси сите понудени изведби, овој караван ни пружи и одлична прилика да се запознаеме со новитетите во гамата на шведскиот гигант. Ексклузивниот увозник за Volvo во Македонија – Премиум АГС, со гордост ни ги претстави новите модели во својата флота, каде се вбројуваат новото Volvo S60, како и Cross Country изведбата на луксузниот караван V60, кои ќе бидат достапни на нашиот пазар веќе од следната недела.

Volvo

Претставници на овластениот застапник за шведскиот бренд во Македонија, на денешната средба со медиумите исто така изјавија дека изградбата на првиот специјализиран салон за Volvo во земјава е во финална фаза, а свеченото отворање може да го очекуваме во текот на наредниот месец.

Она што вам ви преостанува е да го посетите Volvo караванот, кој уште денес ќе биде поставен пред Skopje City Mall и барем накратко да седнете позади управувачот на некој од овие шведските модели.

Поврзани вести

Back to top button