fbpx

Возевме Peugeot 508: радикален спортски седан

Генералниот застапник за програмата на францускиот бренд со цел подобро да нѐ запознае со својот нов модел, организираше интересно дружење на кое покрај добрата забава, ни беше загарантирана и одлична возење

Втората генерација на францускиот знаменосец претставува сосема ново возило, кое всушност е олицетворение на една нова визија која го менува правецот на движење на брендот. Новата ера е во поглед на новите технолошки остварувања, автономноста, а секако тука се вбројува и одличниот сплет на моќта со елеганцијата и комфорот.

Првиот контакт ни беше во Монако, каде имавме прилика да се дружиме со перјаницата на Peugeot. Возејќи по Азурниот брег, чувството да се биде позади управувачот на еден ваков автомобил беше и повеќе од пријатно. По речиси пола година добивме повторно можност да го повозиме овој радикален спортски седан, но сега по домашните патишта.

Peugeot 508

Дружењето беше под организација на Еуроимпекс, кој претставува генерален застапник за програмата на Peugeot во Македонија. Покрај главната цел да се тестира новиот 508, импортерот ја искористи оваа прилика за да не запознае со својот нов дилер. Лоциран во Битола под името „365 мобиле“, новиот салон на Peugeot официјално започнува со работа од денес.

На располагање ни беа четири верзии на француски знаменосец и тоа две бензински и две дизел, со завршна обработка во Allure, GT-line и GT изведба. Бензинската листа се состоеше од 1,6 литарскиот PureTech мотор, кој во Allure беше достапен со моќност од 180 КС и 225 КС кај GT изведбата. Од дизелските единици присутен беше 2.0 BlueHDi, кој испорачуваше 180 КС кај GT-line и 160 КС кај Allure.

Поголемиот дел од патот го поминавме позади управувачот на сивиот 508 GT-line. Можеме со сигурност да кажеме дека моќната француска лимузина се покажа навистина одлично по плетварските свиоци, каде без никаков проблем понуди одлична стабилност, агилност и управувачка контрола. Одзивот на управувачот и педалот за гас се и повеќе од задоволителни за еден ваков седан, кој сепак тежи не помалку од тон и половина.

Спортскиот изглед и намалената висина на каросеријата несомнено влијаат врз внатрешната пространост, а последиците се најизразени во пределот на задната клупа. И покрај ограничениот простор, удобноста при возењето не е воопшто нарушена.

Импресиите од краткото возење се на место, а со подетално мислење ќе се изјасниме по официјалниот тест на возилото.

Поврзани вести

Back to top button