Возевме: Porsche Macan

Кога Porsche одлучи да влезе во SUV сегментот со моделот Cayenne, пуристите не беа воопшто среќни, желбите компанијата да биде концентриран само на моделот 911 и неговите различни верзии не беа доволни за сигурна и долгорочна егзистенција на брендот

Од таа причина Porsche влезе во сосема нов сегмент и го конструира Cayenne, модел кој доживеа огромен комерцијален успех. Поттикната од реакцијата на пазарите ширум светот германската марка донесе одлука да ја дополни гамата со нов покомпактен модел. Преставен во 2014 година, Porsche Macan е вториот SUV на компанијата.

Позициониран под популарниот Cayenne, како, најмалиот кросовер на Porsche. Моделот Macan наидува на одличен одзив кај купувачите, доказ за тоа се и испорачаните 350.000 единици во период од 2014 до 2018 година. Со цел и понатаму да остане релевантен фактор во сегментот на компактни премиум SUV возила за моделската 2019 година Macan доби сеопфатен фејслифт и голем број на технички дотерувања.

 

За подобро да ги запознаеме промените на освежениот Macan допатувавме во Португалија, каде на неколкудневно дружење имавме можност да ги испробаме верзиите со двете нови моторни опции.

Германскиот производител посветил големо внимание на подобрувањето на изгледот и направи значителни промени како на екстериерот така и кабинскиот простор. Однадвор Macan ги комбинира изразените гени на спортски автомобили со силен карактер. Предниот дел на Macan е целосно редизајниран и сега изгледа многу пошироко.

Новите предни светла стандардно доаѓаат во ЛЕД технологија, додека пак маската на ладилникот поседува изменет дизајн и значително поголем отвор. Во согласност со дизајнерскиот ДНК на Porsche, новиот Macan има тридимензионален LED панел на задниот дел кој ги поврзува светлосните групи што е изведен по примерот на останатите модели од гамата и поседува позициони светла со четири точки, гласно потенцирајки го својот идентитетот.

Macan
1 | 
2 |Macan
3 |

     

    Во внатрешноста главаната новина е централната конзола, таа е со изменет дизајн и со променети отвори за свеж воздух. Во нејзе идеално е вклопен новиот 10,9” „Full HD“ екран осетлив на допир кој покрај стандардните функции овозможува и да се намали бројот на секундарни прекинувачи благодарение на неговиот лесен и интуитивен интерфејс.

    Материјалите кои се користени за изработка на елементите се како по правило со исклучителен квалитет, а завршната обработка подигнати на уште повисоко ниво. Во палетата на бои за надворешноста се вметнати неколку нови предлози додека за внатрешноста се обезбедени нови колорни комбинации.

    Macan S

    Како и кај останатите модели од куќата така и кај Macan дизелските агрегати се испратени во историјата. Засега како единствено погонско гориво се нуди бензинот, затоа под предниот поклопец се вградуваат две моторни единици кои ги исполнуваат строгите Euro 6d-Temp нормативи.

    Стандардната изведба доаѓа со 2.0 литарски четирицилиндричен турбо агрегат кој испорачува максимални 245 КС и 370 Нм влечна сила. Перформансите кои ги испорачува се повеќе од доволни за секојдневна употреба, од место на мирување до 100 км/ч стигнува за 6,7 секунди а максималната брзина 225 км/ч.

    За возачите со спортски аспирации е предвидена помоќната S изведба на Macan која е опремена со новоразвиениот турбо V6 агрегат со зафатнина од 3 литри што испорачува 354 КС и максимален вртежен момент од 480 Нм. Забрзувањето од 0-100 км/ч трае 5,1 секунди, додека стрелката на брзиномерот своето патување го завршува на максимални 254 км/ч.

    Во склоп со двата агрегат работи модифицираната и исклучително брзата  автоматска менувачка кутија со двојна спојка која кога функционира во склоп со адаптивниот круз контрол поседува можност да работи во т.н. мод за крстарење со што влијае кон намалувањето на потрошувачката.

     

    Останатите промени под кожата на Macan се однесуваат на подобрените динамички својства во управувањето со што повторно ги подига стандардите во класата. Системот за сопирање е комплетно ревидиран и сега поседува поголемите дискови на сите четири краја со што е овзможено  подобро запирање во сите услови на возење.

    Покрај стандардните  сопирачки како опција кај помоќната Ѕ изведба може дополнително да се опреми со сет од карбон-керамички сопирачки. Како дел од освежувањето доаѓаат и алуминиумски бандажи со нов дизајн и со намалена тежина, чија што големина се движи од 18 до 21 инчи.

     

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Back to top button
    Close