fbpx

Време е за зимска опрема и пневматици

Од 15 ноември стапи на сила обврската за носење на зимска опрема во автомобилите која ќе трае се до 15 март следната година

И покрај стабилните и релативно сончевите временски услови, „зимската“ обврска за автомобилите стартуваше, а тоа значи задолжително поседување на зимска опрема во автомобилите. Зимскиот период со себе носи лизгави и влажни патни услови, па така ова годишно време ни претстаува еден од најпредизвикувачките периоди за сите возачи. Возењето во опасни услови како мраз, снег па дури и дожд, ги прави и најискусните возачи прилично нервозни и недоволно сигурни. Токму затоа, потребно е да ги опремиме нашите возила со зимска опрема и пневматици.

Обврската за носење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. За потсетување, покрај овој временски Nova zimska guma Sava Eskimo SUV 2интервал (15 ноември – 15 март) определен со законот, за пневматиците зимата започнува во моментот кога температурата ќе падне под 7 Целзиусови степени. Во овие климатските услови потребно е користење на посебно дизајнирани пневматици за таа намена. Пневматиците се единствениот контакт со патот и од нивниот избор според периодот од годината зависи и безбедноста на патот.

Под зимска опрема за моторни возила со дозволена маса до 3.500 kg, се подразбира, зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Пнеуматик е вистинскиот избор

За да избегнете било какви безбедносни или законски промени, посетете го овластениот застапник и дистрибутер на едни од најпознатите брендови на пневматици, Пнеуматик, каде можете да ги одберете идеалните пневматици за вашиот автомобил, а на располагање ви ги нуди и своите вулканизерски сервисни центри, опремени со најсовремени машини и посебно обучен кадар за брза монтажа и балансирање на вашите пневматици.About Исто така, како услуга за своите клиенти нуди и чување на зимски, односно летни гуми во идеални услови во сопствени магацини. Пнеуматик во својата понуда има некои од најквалитетните зимски гуми од најпознатите европски и светски брендови како Goodyear, Dunlop, Pirelli, Michelin, Fulda, Tigar, Sava, Riken, Kelly Tires и многу други.

Замената на летните пневматици со зимски, не само што ја подобрува стабилноста на вашето возило при вакви климатски услови, туку и ги намалува претстојните ризици и опасности со што се зголемува вашата безбедност. Купувањето на едни вакви пневматици и не е баш така мала и евтина инвестиција, но сепак претставува подолготраен влог, така што вашата информираност во врска со оваа тема е многу значајна.

 

Зошто зимски пневматици?

Ефикасноста на зимските пневматици не се заснова само на спречување на лизгањето на вашето возило при возење на снег или мраз, како и обезбедување на поголем степен на прилепување како и при влажни, така и при суви услови под 7 степени. При извршени тестирања за испитување на сопирањето на влажна патна подлога со користење на летни и зимски пневматици, при температура од 5 степени целзиусови и брзина од 100 километр на час, растојанието на сопирање со летните пневматици изнесувало 70,5 метри, додека кај зимските тоа изнесувало 65,7 метри. Причината за ова е зацврстувањето на летните пневматици при ниски температури. Зимските пневматици се поефикасни поради технологијата на изработка и употребените материјали, кои ни гарантираат флексибилност и при вакви временски услови.

Затоа, од исклучителна важност е да ги промените вашите летни пневматици со зимски, не само за да се почитуваат законските обврски, туку и за поголема безбедност за вас и останатите кои учествуваат во сообраќајот во студените месеци од годината.

Поврзани вести

Back to top button