fbpx

И втора фабрика со производство на Mercedes A-класа

Само три недели по почетокот на производството на новата Mercedes-Benz A-Class, компактен хечбек е веќе на производствените линии во втората фабрика

Минатиот месец, производството започна во Rastatt во Германија, а сега и во фабриката во Keskemet во Унгарија. Навистина извонредниот интерес на стартот и бројот на нарачките за компактот на „сребрената стрела“ придонесоа за старт на производство и во погоните во Унгарија.

Ова е фабрика каде се вработени 4.000 лица и во минатата година од нејзините ленти беа симнати вкупно 190.000 возила.

Инаку, фабриката ја започна својата работа во 2012 година, со тогашната В-класа. Наскоро, Mercedes-Benz објави дека семејството на модели базирани на четвртата генерација на A-Class ќе вклучува вкупно осум претставници. Некои од нив се веќе познати, B- класа, CLA, CLA Shooting Brake и GLA, а постои можност да се лансира и купе верзија.

Поврзани вести

Back to top button