Вториот електричен модел на Mercedes-Benz станува „Французин”

Вториот сериски електричен модел на Mercedes-Benz ќе се произведува во фабриката во францускиот град Амбаше

Во овие погони во моментов се составува компактниот SmartForTwo, вклучувајки ја и неговата електрична верзија. За модернизација на комплексот Daimler ќе потроши околу 500 милиони евра. Се очекува електричниот хечбек да се најде во производство кон крајот на 2019 година. Во основата на серискиот модел е концептот EQA, претставен минатата година на автосалонот во Франкфурт. Компактниот електромобил е опремен со два електромотори – по еден на секоја оска, а вкупната моќност е 272 КС.

Mercedes-Benz

Батериите имаат капацитет од 60 kW/h, што обезбедува автономија со едно полнење од околу 400 километри. Хечбекот е опремен со специјални ласери, интегрирани во светлата, а исто така и со виртуелна решетка на ладилникот, која го менува својот изглед во зависност од избраниот режим на движење.

Што се однесува до првиот електромобил на Mercedes-Benz, кој ќе се појави на пазарот, тоа ќе е кросовер на струја. Неговото производство треба да биде пуштено до крајот на годината во Германија.

Mercedes-Benz

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close