fbpx

Вуков викендов се трка на легендарната патека Зандворт

Formula 1 шампионатот викендов продолжува со Големата награда на Холандија. Трките од Порше Суперкупот се возат заедно со Formula 1 и спаѓаат во групата на врвни натпревари на глобално ниво.

Ристо Вуков, единствениот македонски автомобилист на Порше Супер Купот, претстојниот викенд се трка на легендарната патека Зандворт во Холандија.

Овој пат наместо една, закажани се две трки. Вуков ќе си ги одмери силите на една трка во сабота во 17 часот и во недела на втората трка во 11.55 часот, со директен пренос на каналите на Спорт Клуб. Имено, поради големите поплави од кои беше зафатена Италија во месец мај беше откажана трката на Formula 1 во Имола. Така, истата се најде на распоредот на Formula 1 викендот од 25 до 27 август.

Вуков е единствениот Mакедонец на овие трки, а до крајот на сезоната му останува уште трката на финалето во Монца на почетокот на септември.

Неговиот талент и посветеноста на тркачките патеки беа препознати од СН Групацијата која обезбеди поддршка со цел Вуков да може да се трка во силна светска конкуренција.

„Горди сме што Вуков, кој испиша нови страници од историјата со освојување на првите бодови во Порше Суперкуп на трката возена на патеката Хунгароринг, сега ќе вози под логото на СН Групацијата на легендарната патека Зандворт во Холандија. Тој е единствен Македонец на Порше Супер купот, што е навистина голем предизвик со оглед на тоа што се трка со најдобрите возачи од цел свет и чест ни е да го поддржиме.“-велат од СН Групацијата, во чиј состав СН Осигурителен Брокер и СН Мото центар се официјални спонзори на младиот талентиран автомобилист.

За неговите перформанси зборува и тоа што на трката возена на патеката Хунгароринг, Рико имаше дуел со поранешниот F1 возач, Тимо Глок, што успеа да го добие, а на крајот доцнеше нецели девет секунди зад победникот во трката, што дава јасна слика за изедначените перформанси.

Инаку, Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Купот на Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојува поени. Од годинава тој настапува во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп.

Трките од Порше Суперкупот спаѓаат во групата на врвни натпревари на глобално ниво. Тие се возат заедно со Formula 1 веќе три децении.

Поврзани вести

Back to top button