Вулканите важни за електричните автомобили
Некои од најголемите вулкани на Земјата можат да играат многу важна улога во развојот на електрични возила
Некои од најголемите вулкани на Земјата можат да играат многу важна улога во развојот на електрични возила. Ова го покажува студија од научници од Универзитетот Стенфорд, кои предвидуваат интересен и ефикасен начин за зголемување на приносот на литиум.
„Супер вулканите”, односно оние кои исфрлаат над 1.000 кубни километри материи, ќе се покажат во наредните години како најпогодни локации за екстракција на литиум, кој пак е исклучително важен за производство на батерии за електрични возила, кое се очекува нагло да се зголеми во наредните години. Томас Бенсон е човекот кој ја води потрагата по литиум во кратерите на најголемите вулкани, а според него, пристапот до благородни метали ќе биде неочекувано лесен. Неговиот тим анализирал вулканска магма, која останала во кратерите на големи вулкани, кои имале ерупции пред милиони години . Во магмата откриена е метална легура, која е исклучително блиска до литиумот.
Во моментов главните приноси на литиум се од Чиле и Австралија, но наскоро САД и неколку земји од Јужна Америка може сериозно да се вмешаат во овој бизнис. На крајот на минатата година во светот се движеле околу 2 милиони електрични возила, а се очекува во следните неколку години нивниот број драстично да се зголеми, како најсериозен период за раст се предвидува меѓу 2025 и 2030 година.