fbpx

VW ги задржува Lamborghini и Ducati, за Bugatti молчи

Надзорниот одбор на Volkswagen групацијата донесе конечна одлука кога станува збор за иднината на брендовите Lamborghini и Ducati

Во изминатиот период се појавија шпекулации околу иднината на некои од брендовите на Volkswagen групацијата, односно дека некои брендови би можеле да бидат продадени, пред се тоа се однесуваше на италијанските Lamborghini и Ducati, како и Bugatti, сепак Надзорниот одбор на компанијата донел одлука дека италијанските производители ќе останат дел од Volkswagen групацијата.

Од групацијата не откриваат многу информации околу самата одлука, но во нивното соопштение покрај Lamborghini и Ducati, воопшто не се споменува Bugatti. Тоа е навистина интересно бидејќи и овој бренд беше „под лупа“, а постоеја и шпекулации дека Bugatti ќе биде откупен од страна на Rimac, со што Porsche ќе добие поголем удел во хрватскиот производител.

И додека судбината на Bugatti останува нејасна, раководството на Volkswagen донесоа одлука за реорганизација според која Bentley ќе биде ставен под одговорност на Audi почнувајќи од 1 март 2021 година. Оваа промена ќе им овозможи на двата бренда да постигнат подобра синергија особено кога станува збор за стратегиите за електрификација.

Покрај ова, Надзорниот одбор го поддржа актуелниот извршен директор Херберт Дис и истакнаа дека досегашниот шеф имал „голем удел врз Volkswagen од 2015 година и без неговата посветеност, трансформацијата на компанијата немала да биде толку конзистентна и успешна“. Како резултат на тоа Дис нема да оди никаде со оглед на тоа дека Бордот на директори во Volkswagen групацијата ќе ја имплементира својата стратегија со Херберт Дис на врвот.

Поврзани вести

Back to top button