fbpx

VW го покажа мобилниот робот за полнење електрични возила

Ова не е прв пат да слушаме за автономни роботи за полнење, а германскиот гигнат Volkswagen го најави својот проект пред околу една година

Полнечкиот робот на Volkswagen ќе биде задолжен да нуди целосно автономно полнење на електричните возила во строго регулираните паркинг делови како што се подземните гаражи.

„Сеприсутната инфраструктура за полнење е и останува клучен фактор за успешноста на електричната мобилност. Нашиот робот за полнење е само еден од неколкуте пристапи, но без дилеми е еден од највизионерските“, вели извршниот директор на VW Group Components, Томас Шмал.

https://youtu.be/Fk_j1m7ck0c

Роботот може да се вклучи преку апликација или користење на Car-to-X комуникација и независно ќе се насочи себе си кон возилото. Целиот процес се одвива без никаква човечка интервенција.

Со цел да наполни повеќе возила истовремено, роботот ќе ја поврзе мобилната единица за складирање на енергија со возилото, повторувајќи го овој процес повеќе пати. Откако ќе заврши полнењето, тој самостојно ќе ја собере мобилната единици за складирање на енергијата и ќе ја насочи назад кон централната станица за полнење.

„Поставување на ефикана инфраструктура за полнење за иднината е главна задача која е предизвик за целиот скетор. Ние развиваме решенија кои ќе ни помогнат да избегнеме скапи самостојни мерки. Мобилниот полнечки робот и нашата флексибилна станица за брзо полнење се само две од овие решенија“.

https://youtu.be/yMC1H__xL3Y

Мобилниот полнечки робот сега влегува во својата тестирачка фаза на прототип, а VW ќе го лансира својот систем на флексибилна брзополнечка станица кон почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button