VW Golf 8 GTI GTC е подготвен за тркачките патеки

Volkswagen не губи време подготвувајќи ја тркачката верзија на Golf 8 и го претстави моделот GTI GTC кој ќе се натпреварува во Africa Global Touring Car Championship

Германскиот бренд претходно го користеше моделот Jetta во овие трки, но Jetta повеќе не се произведува со управувач на десната страна, поради што одлучија Golf 8 GTI да влезе на нејзиното место. Голем број технички спецификации за GTI GTC остануваат мистерија, но сигурно делува како вистински „ѕвер“.

Сите возила кои се натпреваруваат во GTC шампионатот користат иста шасија, како и тркачка опрема (тркала, суспензија, управувач, погон…), единствен уред за контрола на моторот (ECU), како и други компоненти. Како резултат на сето ова, на крајот сѐ се сведува на битка меѓу возачите, а не меѓу автомобилите.

Volkswagen Motorsport ќе се натпреварува со два Golf 8 GTI во премиерната GTC1 класа во тркачката серија. Возилата ќе ги управуваат Киган Мастерс, шампион во GTC1 во 2019, како и Даниел Роу, GTC2 шампион од 2016 година. Стартот на 2020 GTC шампионатот е одложен поради пандемијата на коронавирусот, но организаторите се надеваат дека сезоната ќе започне во август, а првата трка најверојатно ќе се одржи во Zwartkops Raceway во Јоханесбург, Јужноафриканска Република.

„Во изиминатите четири години се тркавме со Jetta. Со оглед на тоа дека Jetta повеќе не се произведува со управувач на десната страна, моравме да најдеме соодветен наследник и оттаму идејата да го користиме Golf 8 GTI. Иако Golf 8 GТI ќе биде официјално лансиран и ќе биде достапен во Јужна Африка од 2021 година, ние сакавме да ја искористиме оваа шанса да ги покажеме перформансните способности на Golf 8 GTI пред да биде претставен на пазарот“, изјави Мартина Биене, шефот на Volkswagen брендот во Јужна Африка.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close