fbpx

VW Golf R 20 Years Edition е најмоќниот Golf досега

Volkswagen ја прославува 20-годишнината на R Performance со Golf R 20 Years Edition, најмоќниот фабрички Golf досега

Volkswagen ја претстави специјалната верзија на Golf R во чест на 20-годишнината на R Performanсe одделот, наречен Golf R 20 Years Edition. Новиот модел се заснова на обичен Golf R, но во овој случај, EA888 2.0-литарскиот турбо мотор е модифициран да испорачува 333 КС, што е за 13 КС повеќе од стандардниот R модел. Моторот е поврзан со седумстепен менувач со двојна спојка, и како и кај секој модел R од првиот Golf R од 2002 година, ја испраќа моќноста до сите четири тркала.

За моќниот звук е задолжен спортскиот издув од титаниум на Akrapovic, а VW разви и функција „Emotional Start“ која го доведува моторот до 2500 вртежи во минута при стартување. Менувачот DSG е реконструиран за да даде забележителен фидбек при менувањето на брзини, што значи дека VW направил понагли промени на степените за да ја зголеми возбудата, а исто така, VW тврди дека турбополначот сега работи со константна брзина под дел од гасот, што го прави забрзувањето побрзо.

Специјалното издание на Gold R е достапно или во Lapiz Blue или во бела боја. Оние кои ќе се одлучат за сината боја ќе добијат 19-инчни алуминиумски тркала Estoril во сјајно црна боја, додека белата варијанта со себе носи стилски син третман на истите. Без оглед на изборот, тркалата пристигнуваат обложени во Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми.

Детали посветени на јубилејот

Меѓу другите промени направени конкретно за овој модел вклучуваат и капаци на ретровизорите (сини на бели автомобили, црни на сини), значки „20“ на вратата, па дури и реконфигуриран дизајн на светлото кое се рефлектира на подот што сега покажува лого „20 R“. Кабината добива засилување и благодарение на оригиналните облоги од карбон на панелите на контролната табла и вратата и сино лого „R“ на управувачот.

Golf R 20 Years Edition ќе се најде во продажба во Велика Британија, Европа и Австралија, а европската книга за нарачки се отвора на 2 јуни и моделот нема да биде ограничен по обем, туку ќе биде достапен само една година.

Поврзани вести

Back to top button