fbpx

VW ID.4 во салонот на Порше во Скопје

Електричниот SUV од ID семејството на Volkswagen, моделот ID.4, сега е достапен и на македонскиот пазар

Првиот електричен SUV на Volkswagen, моделот ID.4, сега е достапен за македонските купувачи, откако истиот пристигна во продажниот салон на Порше Скопје. Редакцијата на Авто Плус доби можност на лице место да се запознае со новиот електричен адут на германскиот производител и своите импресии ви ги пренесуваме во прилог, заедно со фотографии направени преку нашиот објектив.

Најпрво, треба да се истакне дека VW ID.4 се истакнува со ефикасниот електричен погон, пространоста во ентериерот, најсовремените системи за безбедност и асистенција на Volkswagen групацијата, како и неговиот динамичен и препознатлив дизајн. ID.4 е поставен MEB модуларната платформа која германскиот производител ја користи за новите електрични автомобили на ниво на целата групација.

Електричниот кросовер ја црпи својата енергија од батеријата со капацитет до 77 kWh, што овозможува опсег на движење од 520 километри. Истата е позиционирана под совозачкото место, а тоа овозможува низок центар на гравитација. За напојувањето е задолжен електромоторот кој е поставен на задната оска и испорачува 204 КС. Максималната брзина на електричниот кросовер изнесува 160 километри на час, а благодарение на погонот на задните тркала и високиот клиренс од 21 сантиметар, ID.4 може добро да одговори и на оф-роуд предизвиците, но за целосно уживање во ваквиот тип на авантури, на македонскиот пазар достапна за нарачка е и ID.4 GTX верзијата која нуди погон на сите четири тркала.

Иновативен и модерен дизајн

Кога станува збор за дизајнот, треба да се истакне модерниот и дистинктивен дизајн, а со оглед на тоа дека станува збор за електричен автомобил, големо внимание е посветено и на аеродинамиката. LED предните светла се дел од стандардната опрема и кај основната верзија, а кај опцијата со највисоко ниво на опременост достапни се IQ.Light LED Matrix интерактивните светла. Задниот дел го красат 3D интензивните светла, а покрај тоа треба да се истакне дека моделот е поставен на 21-инчни тркала.

Volkswagen ID.4

Кога станува збор за ентериерот, треба уште еднаш да се напомене пространоста која моделот ја нуди. Благодарение на должината од 4,58 метри и MEB платформата, комфорот е загарантиран, а во зависност од потребите и позиционираноста на задните седишта, багажниот простор варира од 543 до 1.575 литри.

Пред возачот се наоѓа 12-инчен екран чувствителен на допир со гласовни команди, а како опција е достапен и head-up екранот.

Volkswagen ID.4

На македонскиот пазар, Volkswagen ID.4 ќе се нуди во три варијанти. Почетната опција е ID.4 во Pure ниво на опременост со 149 КС и батерија од 52 kWh чија цена изнесува 41.609 евра. На врвот на понудата се наоѓа ID.4 GTX со цена од 55.202 евра. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Порше Скопје или посетете ја официјалната веб-страна на Volkswagen во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button