fbpx

VW ја намалува цената на батериите со шест нови фабрики во Европа

Volkswagen сака да го обезбеди своето снабдување со батерии за електричните автомобили со изградба на шест нови фабрики ширум Европа

За време на својот Power Day настан, кој е наменет за иднината на технологиите на електричните автомобили од Volkswagen, германскиот производител ги соопшти своите планови. Нивната цел е да обезбедат непречено снабдување со батерии за електричните автомобили, а за таа цел VW ќе изгради шест нови фабрики во Европа. Производствените погони ќе му овозможат на Volkswagen да ја намали цената на најскапиот дел од секој електричен автомобил, а тоа се токму батериите.

Според најавите, фабриките ќе произведуваат батерии кои ќе користат новодизајнирани ќелии кои ќе ги напојуваат 80 проценти од сите електрични возила на Volkswagen Групацијата до 2030 година. Батериските ќелии ќе бидат лансирани во 2023 година и ќе бидат оптимизирани за лесно производство и рециклирање. Германскиот производител се надева дека новиот дизајн на крајот ќе ја намали цената на батериите за малите возила до 50 проценти, а за поголемите до 30%.

„Имаме за цел да ја намалиме цената и комплексноста на батериите, а во исто време да се зголеми опсегот на движење и перформансите. Ова ќе овозможи електричната мобилност да биде попристапна и доминантна возачка технологија“, изјави Томас Шмал, технолошкиот шеф на Volkswagen.

Батериите ќе се произведуваат во шест „гигафабрики“ ширум Европа. Од компанијата велат дека кога ќе бидат комплетирани, новите погони колективно ќе произведуваат 240 GWh батерии годишно, што е доволно за производство на батерии за повеќе од 5 милиони ID.3 модели во основната конфигурација на моделот.

VW Европа

Се унапредува и полначката инфраструктура

Првите две фабрики ќе бидат изградени во Салцгитер, Германија и Скелефтеа, Шведска. Шведската фабрика ќе произведува помали, поскапи батерии за премиум брендовите на брендот, додека во Салцигер ќе се произведуваат батериите со нови ќелии.

Од Volkswagen велат дека новите ќелии ќе бидат дизајнирани со фокус на унапредувањето. Иако батериите нема да бидат во цврста состојба кога ќе бидат претставени, тие се дизајнирани да ја присвојат технологијата која е опишана како следниот квантен скок во батериската технологија што е можно полесно. Автомобилскиот производител вели дека очекува технологијата да биде подготвена само неколку години по лансирањето на новите ќелии.

Компанијата исто така активно е во потрага по партнерство со енергетските компании со цел да ја унапреди полначката инфраструктура ширум Европа. Од VW велат дека сакаат да имаат 18.000 јавни брзи полначки места во Европа до 2025 година, со цел електричните автомобили да бидат попрактични.

„Електричната мобилност стана јадрото на бизнисот за нас. Ние обезбедуваме долготрајна пол позиција во трката за најдобра батерија и најдобро искуство за купувачите во ерата на мобилноста без емисии“, изјави Херберт Дис, извршниот директор на Volkswagen групацијата.

Поврзани вести

Back to top button