fbpx

Volkswagen „пука“ на позицијата лидер кај електрични возила со нова поделба

Брендот Volkswagen создава нова единица за мобилност, која треба да го однесе гигантот до лидерската позиција на пазарот на електрични автомобили

Новата дивизија ќе ја води, Томас Улбрих, поранешен шеф на производство на компанијата. Ова беше објавено во посебна порака од VW.

VW сака да ја „потисне“ Tesla од водечката позиција во секторот за електрични автомобили. За оваа намена веќе на стартот се подготвуваат пет големи нови модели. Првиот I.D. ќе бидат достапeн во продажба во Европа во 2020 година со цена на ниво на дизелскиот Golf. Вториот SUV моделот I.D. Crozz, ќе започне со продажба прво во САД истата година.

VW

VW веќе ја разви специјална електрична модуларна платформа MEB, која исто така ќе ја користат и други брендови во сопственост на VW Group – Audi, Seat и Škoda. Бројот на автомобили произведени од семејството I.D. до 2020 година треба да достигне 100.000 единици, а во 2025 минимум од еден милион. Ова го најави извршниот директор, Херберт Дис, во изјавата на 18 ноември минатата година.

VW

Улбрих, кој работи во VW од 1989 година, официјално ќе ја преземе својата нова позиција од 1 февруари оваа година. Покрај раководител на производството и логистиката на VW, тој има работено и на повеќе други позиции, меѓу кои шеф на логистиката на FAW-Volkswagen во Кина и Технички директор на Shanghai-Volkswagen. Неговата позиција ќе ја преземе, Андреас Тостман, сегашниот шеф на производство во Seat.

Поврзани вести

Back to top button