fbpx

VW презентираше електричен ван за заедничко користење

Компанијата Moia, на конференцијата TechCrunch Disrupt претстави концепт на електричен миниван за раидшеринг

Компанијата Moia, која е во сопственост на концернот Volkswagen, претстави на техничката конференција TechCrunch Disrupt во Берлин концепт на електричен миниван за раидшеринг- заедничко користење на автомобил.

Moia

Миниванот е развиен заедно со одделот на Volkswagen за комерцијални возила во фабриката на брендот во Оснарбрик. Машината собира до 6 лица, секој има со својата ламба за читање и USB влез, а возилото има Wi-Fi. Засега не се откриваат детали за агрегатот на возилото, но е познато дека со едно полнење ќе може да поминува до 300 километри. Полнењето на батериите до 80% ќе трае 30 минути.

Тестирањето на екосистемот Moia, во која влегуваат службата за раидшеринг, самите електрични комбиња и специјално мобилна апликација, ќе стартува во почетокот на 2018 година.

Првиот град во Германија, каде што ќе се користи е Хамбург. Во 2016 година, данската компанија Spiri покажа прототип на електрично возило за раидшеринг. Предвидено беше машините на компанијата да се користи бесплатно, а неопходно беше да патува повеќе од едно лице на одредени правци.

Поврзани вести

Back to top button