fbpx

VW предупредува, недостигот на микрочипови ќе потрае до 2024

Автомобилските производители никако не успеваат да го опорават производството во последните две години, а предвидувањата на VW сигурно не одат во тој прилог

Сите надежи на производителите дека кризата со микрочипови, односно полупроводници, ќе се намали и целосно ќе исчезне оваа година, се чини дека исчезнаа. Според еден од директорите на VW Групацијата, компанијата не очекува проблемот со снабдување на чипови да биде поправен до 2024 година.

Извршниот финансиски директор на VW, Арно Атилиц, го изјави ова изминатиот викенд во интервју за Boersen-Zeitung, тврдејќи дека снабдувањето со полупроводници ќе се поправи оваа година и во 2023, но нема да биде целосно решен проблем до средина на деценијата.

„Гледаме структурно недоволно снабдување во 2022 година, што веројатно ќе се намали малку само во третиот или четвртиот квартал. Ситуацијата треба да се подобри во 2023 година, но структурниот проблем сè уште нема да биде целосно решен“, изјави тој.

Антилиц верува дека проблемите ќе потраат во 2024 бидејќи пазарот на чипови нема да биде способен да се носи со зголемената побарувачка, објаснува Automotive News Europe. Проценките на VW се совпаѓаат со оние на BMW, од каде неодамна тврдеа дека очекуваат недостигот на чипови да продолжи до 2022 година.

„Очекувам да почнам да гледам подобрувања следната година, но се уште ќе треба да се справиме со фундаменталниот недостиг во 2023“, изјави извршниот директор на BMW групацијата, Оливер Ципзе.

Нема крај на проблемите за производителите

Во случај предвидувањата на VW и BMW да се покажат како вистинити, тоа е мошне лоша вест за автомобилските производители кои се мачат да се опорават од претходните две години кога производството беше ограничено од комбинација на рестрикциите наметнати од Ковид-19, недостигот на микрочипови, а од поново време и војната во Украина.

И BMW и VW беа приморани да го запрат производството на неколку дена неодамна поради недостигот на жици од електрониката кои се произведуваат во Украина. Антилиц вели дека добавувачот работи со една смена, ограничувајќи ја понудата и принудувајќи ја VW да најде алтернативни снабдувачи за да ја пресретне побарувачката иако велат дека ова се само привремени мерки.

Германските автомобилски производители особено се соочуваат со шанси за дополнителни компликации во форма на масовно потенцијално зголемување на енергетските трошоци, бидејќи европските земји бараат алтернативи за увезените горива од Русија.

Поврзани вести

Back to top button