fbpx

VW сака да ја надмине Tesla како најголем ЕВ бренд на светот

Компанијата Tesla е водечки производител на електрични возила во светот, а на таа ласкава титула цели и Volkswagen

Со години голем број скептици сметаа дека е само прашање на време кога Tesla ќе го загуби приматот како водечки ЕВ производител на глобално ниво. Со оглед на тоа што постојано пристигнуваат разни производи од етаблираните и традиционални автомобилски компании, Tesla едноставно нема да може да парира. Сепак, и покрај овие предвидувања, како и покрај тоа што голем број други ЕВ пристигнуваат на пазарот, особено од VW, Tesla и понатаму останува на врвот.

Од сите ривали на Tesla, Volkswagen групацијата веројатно е најспособна да го предизвика американскиот производител. VW групацијата е масивна и поседува голем број брендови под своја закрила. Најмногу од се, веќе покажа дека може да произведе конкурентни електрични возила и да понуди многу за нивната вредност.

Какви се прогнозите?

Извршниот директор на VW групацијата, Херберт Дис, јасно посочува веќе некое време дека неговите планови се да го „укради“ пазарниот удел на Tesla, и евентуално, да го надмине целосно електричниот бренд како најголем продавач на електрични возила на светот. Дис не најавува вакво нешто за 15 или 20 години, туку смета дека Volkswagen може да го изведе ова до 2025.

VW групацијата најави дека ќе лансира повеќе од 70 батериски возила ширум светот до 2030 година. Според аналитичарите од LMC Automotive, VW веќе е на патот да го надмине пазарниот удел на Tesla до 2025. Сепак, таквите прогнози се мошне тешки во овој момент со оглед на тоа дека Tesla е во фаза на изградба на две нови фабрики, една во Тексас и една во Германија. Двете треба да започнат со производство до крајот на 2021.

Со 70 нови ЕВ кои доаѓаат од VW до 2030, постои добра шанса дека групацијата ќе ја достигне Tesla. Сепак, 2025 е мошне возвишена цел. Треба да се земе и предвид фактот дека Tesla планира да лансира нов електричен модел кој ќе биде со подостапна цена, а исто така брендот продолжува да продава голем број на нови возила и покрај тоа што повеќе не е ослободен од субвенции во САД. Постојат многу неодговорени прашања, но секако ќе биде интересна оваа битка за превласт во сегментот кој претставува иднината на автомобилската индустрија.

Поврзани вести

Back to top button