VW со 250.000 продадени електрифицирани автомобили, e-Golf на врвот

Германскиот автомобилски гигант продал четвртина милиони електрифицирани возила, а според популарноста предничи електричната верзија на Golf 7

Volkswagen во однос на некои други големи автомобилски компании подона започна со сериското производство на автомобили со хибриден и електричен погон, но во последно време полека фаќа приклучок благодарение на се поголемиот број хибриди, а од неодамна и целосно електричните модели.

Седум години по лансирањето на првото електрично сериско возило од Волфсбург, компанијата го забележа 250.000. продаден автомобил кој во погонскиот систем има електромотор. Јубилејниот примерок е бел e-Golf, кој воедно е и најпродаваното електрично возило во актуелната понуда на Volkswagen.

Како што велат од германскиот производител, досега на купувачите им се испорачани 104.000 примероци од овие целосно електрични автомобили, па e-Golf покажа дека е достоен на својот „роднина“ со конвенционален погон кој е повеќедецениски бестселер во Европа.

Вториот најбаран електричен Volkswagen е хибридниот Golf GTE со 51.000 продадени примероци, третиот е уште еден хибриден автомобил – Passat Variant GTE, кој е продаден во 42.000 примероци, додека четвртото место го зазема целосно електричниот модел VW e-Up! со 21.000 продадени примероци.

Инаку, Volkswagen во 2019. година забележа раст на продажбата на електрични возила со оглед на тоа дека ширум светот се испорачани преку 70.000 од овие автомобили, додека една година претходно се продадени 50.000 примероци. Главни пазари за овие автомобили беа Кина, Норвешка, Германија, САД и Обединетото Кралство.

Volkswagen очекува продажбата на електрични возила (хибриди и EV) во 2020. година значително да се зголеми, бидејќи во продажните салони пристигнува новиот модел на струја VW ID.3 кој веќе го нарекуваат електрична алтернатива на класичниот Golf.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close