ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Wall Street започнува со обложување против Tesla

Ставовите на инвеститорите кон Tesla стануваат сè понегативни

Во последниот месец на Wall Street има зголемен интерес кон кредитни обврзници, кои ќе донесат профит, ако производителот на електрични објави банкрот, пишува The Financial Times. Веќе неколку месеци експертите водат расправа дали на Tesla треба да и се дадат нови заеми преку финансиските пазари, кои само ќе се додадат кон и без тоа импресивните долгови, или да се стави крај на производителот?!

Извршниот директор, Илон Маск, продолжува да е категоричен дека тоа не е потребно, без оглед на тоа дека Tesla губи по околу 1 милијарда долари на квартал. Маск остро ги критикува „шпекулантите“, кои се обложуваат против акциите на неговата компанија и потсети дека и покрај падот тие остануваат со 40% поголем профит отколку во почетокот на 2017 година.

Tesla

Некои аналитичари сметаат дека барем дел од интересот за слични обврзници доаѓа од инвеститори на Tesla, кои се обидуваат да се осигуруваат против евентуален крах на компанијата. Гигантот JPMorgan Chase е најголемиот издавач на ваквите хартии од вредност. Инвестициите во нив за еден месец се зголемија од 101 до 211 милиони долари.

Пред една недела, The Wall Street Journal откри дека Tesla барал нивните добавувачи да вратат некои исплати за да ги покријат сегашните потреби.

Главните тешкотии на компанијата доаѓаат од одложувањата во производството на долгоочекуваниот Model 3. Во јуни Tesla започна да прави по 5.000 примероци неделно од него, цел која беше фиксна за пред повеќе од една година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close