fbpx

Германската марка Wiesmann се враќа на пазарот

Германскиот производител на спортски автомобили Wiesmann ќе продолжи со производство

Компанијата Wiesmann постигна договор со BMW-M GmbH поделбата за преземање на 8-цилиндерски бензински мотори од S63 серијата.

Ова го објави изданието Motor-Talk кој се повикува на официјални извори на компанијата. Во моментов V8 моторите се ставаат на моделите BMW M5, M6, X5M и X6M, каде максималната моќност е 600 КС и 750 Nm вртежен момент. Без разлика дали ќе се вградуваат во идните Wiesmann модели, или не, моторите ќе бидат специјално за оваа цел конструирани и затоа ќе имаат различни технички карактеристики кои треба допрва да бидат објавени.

Wiesmann

Германската компанија го прекина производството во 2014 година поради проблеми со финансирањето. Во 2015 година, брендот стана сопственост на британски инвеститори кои ветија дека ќе ги вратат автомобилите на пазарот. Договорот со BMW вели дека тие ќе го реализираат ветеното. Се очекува дека првите автомобили ќе бидат достапни во пролетта 2018 година.

Wiesmann

Последниот модел на Wiesmann беше GT-GT MF4-CS. Исто така, се вградуваше BMW 8-цилиндерски мотор со 420 КС. Моторот беше комбиниран со 7-брзински роботски менувач со две спојки. Спортското возило забрзуваше од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди, a максималната брзина изнесуваше 293 km/h.

Поврзани вести

Back to top button