fbpx

Винтеркорн осомничен за затајување данок?!

Поранешниот претседател на бордот на директори на Volkswagen и еден од главните обвинети за Дизелгејт скандалот, Мартин Винтеркорн, е осомничен за затајување данок во Германија

Ова беше објавено од страна на Билд, цитирајќи податоци од обвинителството во Брауншвајг, Долна Саксонија. Според публикацијата истрагата за даночно затајување започнала уште во 2017 година, кога вработен во банка Sparda се поврзал со полицијата со барање да се провери законитоста на трансфери од 2 и 5 милиони евра, префрлени од сметката на Винтеркорн на даночниот советник во Минхен.

По проверката на сметките се испоставува дека поранешниот шеф на VW извршил уште неколку сомнителни трансфери во вкупна вредност од 10 милиони евра, од кои 3,5 милиони се префрлени на сопругата Анита, која исто така е осомничена по иста основа.

Освен тоа обвинителите обрнале внимание на месечните трансвери на г-дин Винтеркорн на неговиот син Јенс во износ од 2.700 евра, од кои 2.500 по некое време се враќаат назад на неговата сметка. На овој начин, според истрагата, Мартин Винтеркорн се обидува да скрие дел од средствата од даночната служба.

Неговиот адвокат ги нарече обвиненијата против својот клиент „монтирани“ и истакна дека дознаките се ослободени од даночни побарувања, а граѓаните имаат право да располагаат со паричните средства како што им одговара.

ВинтеркорнКако што се знае, во мај оваа година обвинителството во американската држава Мичиген го казни Мартин Винтеркорн, кој го предводеше Volkswagen од 2007 до 2015 година, под обвинение за измама со штетните емисии, исфрлени од дизел автомобилите на концернот. Германецот беше обвинет за заговор против владата на САД и кршење на законот „За чистота на воздухот” и поради махинации.

Поврзани вести

Back to top button