fbpx

Париз 2018: Обновениот Porsche Macan доби мотор со 245 КС

Porsche на саемот во Париз, ја покажа обновената верзија на својот кросовер Macan, која е опремена со нов 2.0 литарски бензински мотор. За Европа моќта на единицата е намалена на 245 додека кинеската верзија има 252 коњски сили

Macan со новиот мотор работи во комбинација со седум степен автоматски менувач со две спојки. Европската верзија на кросоверот забрзува од 0 до 100 km/h за 6,7 секунди, а максималната брзина е 225 km/h.

Се очекува во следните месеци германскиот производител да претстави помоќни модификации на кросоверот, а еден од нив е Macan S

Верзијата S ќе добие шестцилиндерски мотор со 354 коњски сили. Исто така, ќе има верзија со 2,9 литарски V6, која ќе развие 440 КС, а дизел варијанти за моделот не се предвидени.

По дотерувањето на лицето, кросоверот добил различни светла и трепкачи, како и нови 20 и 21-инчни тркала. Во внатрешноста е поставена нова инструмент табла и 11-инчен екран на допир. Исто така, има и нов спортски управувач GT од Porsche 911.

Производството на редизајнот на Macan веќе започна во фабриката во Лајпциг, додека почетната цена изнесува околу 58.000 евра, а главните конкуренти на моделот се Jaguar F-Pace и BMW X4.

 

Поврзани вести

Back to top button