fbpx

За првпат во Европа, електричните попродавани од дизел возилата

Бензинските мотори остануваат најпопуларни во Европа, но за првпат во историјата, електричните ги надминаа дизел возилата според продажбата

Сè построгите регулативи за емисиите ги носат дизел моторите на работ на изумирање, па затоа многу производители на автомобили веќе престанаа да нудат дизел верзии од помалите автомобили. Јунските бројки за продажба објавени од Европската асоцијација на производители (ЕАМА) го потврдува токму тоа – побарувачката за дизел возилата е во надолен тренд.

Во земјите на Европската унија, пазарниот удел за дизел возила се намали на само 13,4 отсто во јуни, што е значително помалку од 17,4 отсто постигнати во јуни 2022 година. Послабата побарувачка им овозможи на чисто електричните возила да ги надминат дизелите за прв пат досега. Навистина, автомобилите со нулта емисија учествуваа со 15,1 отсто од вкупниот удел, или повеќе од 10,7 отсто во јуни 2022 година. Самополнечките хибриди исто така беа попопуларни од дизелите благодарение на пазарниот удел од 24,3 отсто додека PHEV претставуваат 7,9 отсто од вкупната побарувачка, или намалување од 8,2 отсто во јуни 2022 година.

Студијата на ACEA покажува дека бензинските мотори засега остануваат на врвот, со повеќе од една третина од вкупната продажба, односно 36,3 проценти пазарен удел. Тоа во превод значи 379.067 автомобили, или 11 отсто повеќе отколку во јуни 2022 година. И покрај тоа што бројките за продажба се зголемени, уделот на пазарот всушност се намали од 38,5 отсто на 36,3 отсто поради порастот на електричните возила.

И покрај тоа што дизел возилата постепено паѓаат во немилост во Европската унија, ACEA забележува значително зголемување на продажбата од 10,3 отсто во Германија, како и на пазарите во Централна Европа. Романија имаше најголем раст (процентуално) во јуни 2023 година во споредба со истиот месец минатата година, при што продажбата на нови дизел возила се зголеми за неверојатни 22,4 проценти.

Скок на продажбата

Севкупно, продажбата на нови автомобили (сите типови на погонски единици) скокна во ЕУ во текот на првите шест месеци од 2023 година за 17,9 отсто на 5,4 милиони возила, но тоа е сè уште за 21 отсто пониско во споредба со првата половина на 2019 година, пред пандемијата. ACEA истакнува дека тесните грла во синџирот на снабдување се сè помалку проблем, иако луѓето сè уште мора да чекаат долго време за некои модели.

Со оглед на тоа што регулативите на Еуро 7 треба да стапат на сила во 2025 година, очекуваме производителите на автомобили да ја забрзаат транзицијата кон електричните возила. Со други зборови, ќе има помалку чисти автомобили со внатрешно согорување на продажба. Групацијата VW предупреди дека автомобилите од Б-сегментот се загрозени бидејќи менувањето на нивните мотори за да се усогласат со построгата легислатива може да ги направи овие модели премногу скапи.

Од 2035 година, производителите на автомобили активни во ЕУ нема да можат да продаваат нови автомобили кои генерираат штетни емисии.

Поврзани вести

Back to top button