Започна „зимската“ обврска за сите моторни возила

Од денес 15ти ноември, започнува да важи обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15ти март

И покрај стабилните и релативно сончевите временски услови, како и прилично топлите температури за овој период од годината, „зимската“ обврска за сите возачи започнува денес, односно поседувањето на зимска опрема во автомобилите станува задолжително во наредните четири месеци.

Сите оние кои поседуваат патничко моторно возило, во овој период од годината обврзани се да поседуваат зимски пневматици со минимална длабочина од 4 милиметри, или пневматици со летен профил со иста минимална длабочина, но со дополнително поседување на ланци за снег или други адекватни помагала.

пневматициЗа возилата со погон на сите четири тркала, минималната длабочина на шарите на зимските пневматиците расте на 6 милиметри, односно 4 милиметри за оние со летен профил, и секако поседување на ланци за снег најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Возилата кои спаѓаат во потешката категорија, односно со тежина над 3.500 килограми, на листата на задолжителна зимска опрема се наоѓаат зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите од 6 милиметри, односно летни пневматици со минимална длабочина на шарите од минимум 6 милиметри, како и ланци за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За сите оние кои нема да ја почитуваат зимската законска обврска, ќе им биде изречена казна со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност или ќе им бидат регистрирани 25 негативни бодови.

Со цел да го избегнете ова, овластениот застапник и дистрибутер на едни од најпознатите брендови на пневматици, Мотоцентар, ве повикува во продажните салони да ги одберете идеалните пневматици за вашиот автомобил, а на располагање ви ги нуди и своите вулканизерски сервисни центри, за брза монтажа и балансирање на вашите пневматици.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close