Започнаа тестирањата на новиот RS Q4

Опремен со 2,5 литарскиот турбо мотор поврзан со двојна спојка и погон на сите четири тркала, новиот високо перформансен Q4 би можел да добие моќност од над 400 коњски сили

Високо перформансната RS изведба на новиот SUV на Audi, Q4, најверојатно ќе биде опремена со истиот погонски агрегат како и RS Q3, односно 2,5 литарскиот мотор со турбо полнач, поврзан со автоматски менувач со двојна спојка и Quattro погон на сите четири тркала.

Според најновите извештаи, моќноста би требало да се зголеми на 414 коњски сили, со цел новите RS генерации на SUV моделите да претставуваат поголем предизвик за конкурентите од својата класа, како Mercedes-AMG GLA 45.

Како што забележуваме од сликите, прототипното возило се чини дека е во својот конечен каросериски изглед, каде што според непокриените делови се гледа дека преовладува светло зелената боја. Естетските подобрувања се во поглед на предните и задните делови на автомобилот кои се редизајнирани, подлабоките странични прагови, двојниот издувен систем и сетот од поголеми алуминиумски тркала, кои овозможуваат создавање на поголем потребен простор за новите перформансни сопирачки.

Преносот со двојна спојка и Quattro погонот ќе бидат оптимизирани за новата RS изведба, а исто така тој ќе биде опремен и со адаптивен систем за потпирање. Предните и задните тркала ќе бидат малку пошироки од тие кај стандардниот модел, при што со својата адекватност за високи брзини, тие ќе му помогнат на новиот SUV подобро да се справи со свиоците.

Што се однесува до интериерот, голем дел од завршетоците ќе бидат во контрастни нијанси, RS логоа и многу други спортски детали кои ќе им овозможат на возачот и патниците да се осеќаат по привилегирано.

Сепак, прво ќе дебитира стандардниот Q4, по што новиот RS ќе ја добие својата премиера. Датумот за претставувањето на овој SUV е сеуште не потрврден, но се шпекулира дека тоа може да се случи на престојниот саем во Женева.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close