Запознајте ја Nissan Ariya – SUV изведбата на LEAF

Планот на јапонскиот производител Nissan е да го прикаже автомобилот на саемот во Токио

Електричниот IMk Concept опишан како ултимативно градско превозно средство нема да биде единствениот новитет од Nissan на претстојниот саем за автомобили во Токио. Според информациите Nissan Ariya ќе има опсег од 480 km и би било првото возило што ќе ја користи CMF-EV платформата.

По големина би бил сличен на Nissan Qashqai а ќе може да забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 5 секунди. Внатрешноста би имала футуристички изглед, додека контролната табла би се појавувала само кога автомобилот е вклучен. Новото возило би можело премиерно да ја претстави петта генерација NMC 811 ќелии од Envision AESC.

Поврзани вести

Back to top button