Застој во соработката меѓу Nissan и Mercedes?

Nissan се повлече од проектот за заеднички развој на луксузен компактен модел со Меrcedes, објави Никан Коџо

Јапонската компанија, сепак, истакна дека тие сакаат да ги задржат другите партнерства со германскиот гигант. Двете компании работеа на луксузен модел кој треба да се прави во погоните на Агуаскалиентес, во Мексико и би се продавал главно на пазарите во Северна Америка. Компактните модели беа мошне прифатливи во САД, особено во кризата кога растеа цените на горивото.

NissanМеѓутоа, сега, интересот за нив постојано се намалува, а Американците се враќаат на традиционални пикапи и големи SUV изведби. Ова е една од причините за повлекувањето на Nissan од проектот, а втората е неизвесноста околу егзистенцијата на мексиканските погони, особено по најавите на плановите на Доналд Трамп за драстично зголемување на давачките за увезените автомобили.

Фабриката Агуаскалиентес е изградена од Nissan и Daimler во 2017 година и има капацитет од 230.000 возила годишно.

Засега се произведува само моделот Infiniti QX50, кросовер на луксузниот бренд на Nissan. Ова е придобивка од договорот за соработка меѓу Renault-Nissan и Германците од изминатата деценија, потпишан од страна на Карлос Гон и Дитер Цетче. Двајцата гиганти дури и разменја акции за да се консолидираат, па Renault-Nissan имаат 1,55% од Daimler, а Германците поседуваат 3,1% од Nissan.Тие исто така имаат заеднички погони за производство на мотори во американската држава Тенеси.

Nissan

Поврзани вести

Back to top button