fbpx

Зелено светло за мобилните станици за полнење на Volkswagen

Volkswagen Group објави дека компанијата има преземено конечна одлука по лансирањето на сериско производство на мобилни станици за полнење на електричните автомобили кои беа најавени само пред неколку дена.

Иноватовното решение за полнење до четири автомобили истовремено на Volkswagen Group ќе биде пуштено во производство наредната година, но пред тоа, во текот на летото оваа година, на територијата на Волфсбург ќе биде одржана тест програма во реални услови. Сериското производство на мобилни станици ќе започне следната година во комплексот на компанијата во Хановер.

Мобилните полначи на Volkswagen можат да функционираат во два основни режима- самостоен, каде што се црпи енергија од самите батерии сместени во полначот, и поврзан, каде полначот е поврзан на мрежата за струја.

Volkswagen

 

Благодарение на компактните димензии, мобилните полначи со капацитет од 360 kWh можат брзо и ефикасно да се постават секаде во градски услови, како и на клучи места како јавни паркиралишта, станбени згради и административни установи.

Поврзани вести

Back to top button