fbpx

Женева 2018: Alfa Romeo ги одбележува рекордите на Нирбургринг

Компанијата Alfa Romeo ќе претстави на автосалонот во Женева специјални серии на кросоверот Stelvio и седанот Giulia, посветени на рекордите на двата модела на Северниот лак на патеката Нирбургринг

Автомобилите доаѓаат во ограничена серија со името NRING, која ќе вклучува точно 108 парчиња од секој модел. Бројот не е избран случајно, бидејки токму толку години поминаа од создавањето на италијанскиот производител.

Alfa Romeo

Машините се обоени во посебна боја Circuito Gray и секоја од нив ќе добие плочка со сериски број. Во стандардната опрема се вклучени карбон-керамички сопирачки, спортски седишта Recaro со карбон, менувач од Mopar, како и кожа и алкантара и карбон елементи во ентериерот. Освен тоа автомобилите од серијата NRING ќе добијат адаптивен круз-контрол, аудио Harman / Kardon, мултимедија со 8,8-инчен екран, со Apple CarPlay и Android Auto. На седанот Giulia, исто така, има и карбонски покрив.

Alfa Romeo Stelvio и Giulia Quadrifoglio се опремени со 2.9-литарски V6 мотор со моќност од 510 КС и 600 Nm. Моторот работи во комбинација со 8-брзински автоматски менувач. Исто така постои и адаптивна суспензија, систем за дистрибуција на гас помеѓу задните тркала и 5 режими на контрола на електрониката.

Двата модели поставија рекорди на Nurburgring за сериски SUV и седан. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio ја мина трасата за 7 минути и 51,7 секунди, што е подобро за 7 секунди од постигнувањето на претходниот рекордер Porsche Cayenne Turbo S од 2015 година. Притоа кросоверот се покажа побрз од BMW. Седанот Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio имаше време 7 минути и 32 секунди, што е исто 7 секунди побрзо од она на Porsche Panamera Turbo со 550 КС. На најдолгата линија на патеката – Dottinger Hohe, италијанскиот седан разви 284 km/h.

Поврзани вести

Back to top button