НАСЛОВНАСАЕМИ

Женева 2018: Новиот BMW X4 – седум мотори и две спортски верзии

Компанијата BMW официјално ја претстави втората генерација на кросоверот X4

Премиерата на моделот за јавноста ќе се одржи за време на автомобилскиот салон во Женева, во март.

Новиот модел е поголем од својот претходник и тоа значително: должината е зголемена за 81 милиметар и достигнува 4.752 mm, а широчината за 37 mm и веќе е 1.918 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 2.864 mm, што е за 37 mm повеќе од онаа на првата генерација на моделот. Стандардниот волумен на багажникот на BMW X4 сега е 525 литри, а кога седиштата ќе се спуштаат, се зголемува на 1.430 литри. При претходната генерација на кросоверот овие димензии беа соодветно 500 и 1.400 литри.

Во конструкцијата на новиот модел е користен повеќе алуминиум, а исто така и висококвалитетен челик. Ова овозможува не само зголемување на цврстината, но и намалување на телесната тежина. Разликата во споредба со претходникот е 50 kg во зависност од модификација. По смената на генерациите подобрени се и аеродинамичките индикатори. Благодарение на употребата на активни елементи во решетката на ладилникот, коефициентот на отпорот на воздух е намален за 10% и сега е 0,30. Во исто време тежиштето е пониско отколку кај новото X3.

Во гамата на модификации на BMW X4 ќе има две набилдани верзии на M Performance – M40i и M40d. Првата ќе излезе во август, а ќе добие 3,0-литарски бензински турбомотор со 360 КС и 500 Nm вртежен момент. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае 4,8 секунди. Модификацијата M40d ќе добие 3,0-литарски дизел со 6 цилиндри, кој ќе развива 326 КС и 680 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај него ќе трае 4,9 секунди. Максималната брзина на двете верзии е ограничена по електронски пат на 250 km/h. Овие два автомобила ќе се разликуваат од останатите по суспензијата, издувниот систем, сопирачките… За двете спортски верзии е предвиден и заден M-диференцијал.

Во палетата мотори на втората генерација на BMW X4 влегуваат уште два бензински тубомотори со 4 цилиндри и зафатнина 2,0 литри. Тие развиваат 184 и 252 КС . Дизелските се два со 2,0-литарски со 190 и 231 КС, како и 3.0 со 265 КС Сите модификации се со систем за погон на сите четири тркала xDrive и со 8-степен автоматски менувач.

Во опременоста на возилото влегуваат LED фарови, проекциски дисплеј, мултимедијален систем со 10,25-инчен екран, адаптивен круз-контрол, систем за кружен надзор со камери, безжичен полнач за паметни телефони, тризонска климатизација, панорамски покрив, вентилација на седиштата, како и вграден систем Microsoft Office 365, која овозможува добивање на ел-пошта и внесување на промени во потсетникот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close