Женева 2018: Italdesign лансира кабриолет за 1,5 милиони евра

Дизајнерската работилница Italdesign делумно го покажа својот нов модел - кабриолет верзијата на суперавтомобил Zerouno

Премиерата на автомобилот ќе биде на Женевскиот салон во март.

ItaldesignРодстерот Italdesign Zerouno ќе ги задржи основните стилистички решенија кои се користат во купе варијантата, а во техничка смисла меѓу двата автомобили нема да има никаква разлика.

Каросеријата на Zerouno е изграден од карбон, погонот е 4х4, а моторот е 5,2-литарски V10, исто како кај Lamborghini Huracan и Audi R8 Plus.

Моќноста на атмосферски мотор е 610 коњски сили, а максималниот вртежен момент 560 Nm. Моторот обезбедува кај купето 330 km/h максимална брзина и забрзување од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди.
Italdesign

Производството на купето Zerouno е крајно скромно – само 5 примероци, а сите тие се веќе продадени. Цената по автомобил е 1,5 милиони евра. Се претпоставува дека конвертибилната верзија ќе биде со иста или малку повисока цена. Презентацијата на родстерот Zerouno ќе е дел од одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Italdesign.
Italdesign

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close