fbpx

Женева 2018: Новиот Kia Ceed и официјално

Корејската компанија Kia покажа на интернет просторот официјални фотографии на новата генерација на Ceed

Хечбекот пристигнува со нов дизајн, а од името му исчезна апострофот, кој стоеше пред последната буква. Светската премиера на новиот модел ќе биде во Женева, во март.

Новиот Ceed е надграден на новата платформа K2, а димензиите му остануваат речиси без промена. Возилото е само два сантиметри пошироки и 2,3 cm пониско. Должината на меѓуоскиното растојание останува непроменета – 2.650 mm. Волуменот на багажникот е зголемен за 15 литри и сега изнесува 395 l.

Моторната гама на новиот Ceed вклучува два бензински мотори со зафатнина 1,4 литри – атмосферски и со турбо, а моќноста им варира од 100, 120 до 140 коњски сили. Ќе се нуди и 1,6-литарски турбодизел, кој ќе има две варијанти на моќност – 115 и 136 коњски сили. Kia ќе ги нуди моторите во спрега со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен роботизиран со две спојки.

Од компанијата го дефинираат новиот Ceed како „технолошкиот исчекор” во сегментот, а опремата вклучува адаптивна контрола на крстарење, управување на дел од функциите на автомобилот преку паметен телефон, аудио JBL, мултимедијален систем со три различни по големина на дисплеи, како и електронски асист-состави, кои го следат движењето во лента, во мртва зона, во прегледот на возачот и помагаат при паркирање и излез од паркинг.

Производството на новиот Ceed стартува во мај, а продажбата во Европа во текот на летото.

Поврзани вести

Back to top button